Луис Хамилтон ги разочара фановите на Мерцедес откако реши да го напушти овој тим и од 2025 да се пресели во редовите на Ферари. Ова според многумина е најголемо предавство во историјата на Формула 1, но јасно е дека Мерцедес беше крајно неконкурентен во последните години, со што го натера британскиот возач да се реши за нов предизвик пред и официјално да ја заврши кариерата.
Хамилтон конечно се јави со своја објава по големиот трансфер, обелоденувајќи дека преселбата во Ферари за него претставува исполнување на сонот од детството.
„Последнте денови беа тотално луди, исполнети со низа емоции. Како што сега веќе сите знаете, по 11 неверојатни години во Мерцедес, додје време за ново поглавје во животот и преселба во Ферари од 2025 година. Се чувствувсм среќен што по постигнувањето на сите оние достигнувања со Мерцедес за кои можев само да сонувам, сега имам можност да остварам уште еден сон од деството – да возам Формула 1 во црвениот болид на Ферари. Мерцедес беше голем дел од мојот живот уште од 13. година, па јасно е дека оваа одлука ми е најтешката што некогаш сум морал да ја донесам. Горд сум на се што постигнавме заедно, благодарен на трудост и посветеноста на сите оние со кои соработував низ годините. Моментно не размислувам на 2025 година, мојот фокус е целосно насочен кон сезонава и излегувањето на патеката во болидот на Мерцедес. Помотивиран сум од било кога, сакам да помогнам Мерцедес повторно да победува“, порача Луиа Хамилтон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА