Супер вест за Алегри: Двајца првотимци се враќаат за големото дерби со Интер

Јувентус ќе биде значително засилен за утрешното дерби против Интер откако двајца стандардни првотимци ги надминаа проблемите со повредите и му се ставија на располагање на тренерот Масимилијано Алегри.

Станува збор за Федерико Киеза и за Адриен Рабио, кои не настапија на претходниот дуел со Емполи, но ја добија трката со времето, по што лекарскиот тим на Јуве им даде зелено светло да отпатуваат со тимот во Милано. Алегри дополнително ќе одлучи дали двајцата ќе бидат стартери или во игра би влегле во второто полувреме.

На листата фудбалери за големото дерби се наоѓаат и двете нови засилувања на „старата дама“, Алкараз и Џало. Дуелот против Интер дефинитивно ќе го пропушти суспендираниот Милик, како и повредените Кеан и Де Шилјо.

Јувентус моментно се наоѓа на второто место на табелата, со еден бод заостанување зад Интер и меч повеќе во однос на „нероаѕурите“.

Се вчитува...