На Јовиќ му стана навика да го спасува Милан

Лука Јовиќ со месеци беше критикуван како промашено засилување на Милан, но српскиот ас се почесто не само што ги демантира „хејтерите“, туку со клучни погодоци ги освојува симпатиите на сите во таборот на „росонерите“. Тоа беше случај и на вечерашното гостување против Фросиноне на кое Милан стигна до триумф благодарение токму на голот на Јовиќ постигнат во 81. минута, веднаш по влегувањето во игра на Србинот.

Мечот почна одлично за „росонерите“, кои поведоа со голот на глава на Жиру, но Фросиноне успеа да израмни со пеналот на Зуле, откако Леао играше со рака во сопствениот шеснаесетникот. Фросиноне ги шокираше гостите со водечки погодок за 2-1, но Милан успеа да се врати преку Габија, кој го постигна својот прв калчолигашки гол во кариерата на асистенција на Жиру.

И тогаш, на сцена стапи Јовиќ, кој во 80. минута го замени Пулишиќ, а само една минута подоцна српскиот ас блесна и од пет-шест метри ја смести топката во мрежата по конфузната интервенција на домашните дефанзивци.

Милан со оваа победа се зацврсти на третото место на табелата, со пет бода заостанување, но и со два меча повеќе во однос на лидерот Интер.

Се вчитува...