Чави пак бесен: Не зборувам веќе за судењето, само оставете да играме фудбал…

Барселона славеше со 1-3 на гостувањето против Алавес, но Чави повторно имаше причина да биде незадоволен од судењето откако Витор Роке заработи црвен картон.

Исклучувањето на младиот голгетер на Барса беше во најмала рака дискутабилно бидејќи фудбалерот на Алавес беше тој што стартуваше опасно (со отворен ѓон), но бидејќи стануваше збор за втор жолт картон немаше простор за ВАР-реакција и Барса мораше да ги одигра последните дваесетина минути со фудбалер помалку на теренот.

„Немам што да кажам, сите видовте. Плаќаме за случајот Негреира, сега сме жртви на судиите, тоа е реалноста, така се чувствувам по секој натпревар. Веќе нема да зборувам за судењето, но барам само една работа – оставете да играме фудбал, да се натпреваруваме“, изјави Чави.

Тренерот на Барселона беше прашан и за денешната изјава на Карло Анчелоти, откако тренерот на Реал изјави дека „нема да се спушта на нивото на Чави“ и да го коментира судењето и влијанието врз шпанскиот фудбал.

„Можеби почувствувал притисок од моите зборови. Тоа што го кажа не личи на него. Во секој случај, јас имам апсолутна почит кон Анчелоти“, прокоментира стратегот на каталонскиот гигант.

Се вчитува...