Нова повреда во Баерн Минхен: Веќе немам зборови…

Малерите со повредени фудбалери на Баерн Минхен продолжуваат на секој нареден натпревар, па така Томас Тухел на денешниот дуел со Борусија Менхенгладбах остана без помошта на Алфонсо Дејвис. Канадскиот лев бек се пожали на болка во пределот на коленото и мораше да биде заменет, а тренерот Тухел не ја криеше фрустрираноста од серијата проблеми.

„Веќе немам зборови, секој натпревар имаме по некоја нова повреда. Сега тоа е Дејвис, кој штотуку влезе во топ-форма. Останува да видиме што ќе кажат лекарите“, изјави тренерот на Баерн веднаш по натпреварот.

А вечерва стигна и официјалната дијагноза од лекарскиот тим на Баерн – станува збор за истегнување на лигаментите во коленото, со јасна порака дека ќе мора да следи пауза, без конкретна прогноза кога Канаѓанецот би можеле повторно да го видиме на терените.

Она што е сигурно, Дејвис ќе го пропушти големото дерби против Баер во Леверкузен закажано за наредниот викенд, меч што ќе биде од огромно значење во трката за титулата во Бундес-лигата.

Се вчитува...