Голманот на ЈАР е вистинско чудо… Одбрани четири пенали за полуфинале (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Јужноафриканската република е последен полуфиналист на годинашното издание на Купот на африканските нации (КАН), откако во четвртфиналето по изведувањето на пеналите беше подобра од Зеленортските острови со 2-1.

За време на 120 минути игра немаше голови на натпреварот, а херој во пенал-рулетот беше голманот и капитен на ЈАР, Ронвен Вилијамс кој одбрани дури четири пенали на противниците.

Со тоа Вилијамс постави рекорд затоа што никој во историјата на некое континентално фудбалско натпреварување на одбранил четири од пет можни удари од 11 метри во пенал-серијата.

А, за ЈАР ова е четврто полуфнале на Купот на африканските нации. Беше и шампион на КАН во 1996 година.

Во полуфиналето ЈАР ќе игра против Нигерија која во петокот славеше против Ангола со 1-0. Во второто полуфиналето ќе игра домаќинот, Брегот на слоновата коска и ДР Конго.

Се вчитува...