СИТЕ ВЕЌЕ ЗНААТ: И Лука Дончиќ го објави трансферот на Мбапе во Реал Мадрид! (ФОТО)

Веќе е сосема извесно дека Килијан Мбапе до крајот на сезоната останува во ПСЖ, а потоа како слободен играч се сели во редовите на Реал Мадрид!

Го објави вчера тоа „Ле Паризиен“, го пренесоа тоа и сите светски медиуми, а денеска голем број пријатели на „кралскиот клуб“ преку разни објави на социјалните мрежи го потврдуваат истото. Еден од нив и Лука Дончиќ кој и тоа како е поврзан со „кралскиот клуб“, а на својот Инстаграм профил објави фотографија од Мбапе во дресот на Реал.

Словенечкиот кошаркар, денес едно од најпрепознатливите лица во НБА лигата, на свои 13 години се пресели во Мадрд каде ја започна всушност својата кариера. Со Реал како тинејџер ја освои Евролигата, беше МВП на тоа натпреварување, а од тогаш и тоа како е поврзан со Реал Мадрид. Токму затоа, сите во светот на спортот, се што ќе објави поврзано со Реал знаат дека е вистина. А Лука веќе го објави Мбапе во „кралскиот дрес“…

Се вчитува...