Миовски – играч на мечот против Селтик: „На полувреме им кажав на соиграчите дека може да дадеме гол!“ (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски со уште една извонредна своја партија во дресот на Абердин, овој пат во ремито (1-1) против големиот фаворит Селтик во шкотската Премиерлига.

Миовски постигна извонреден погодок, најзаслужен за ремито на својот тим, па сосема очекувано од „Скај спортс“ прогласен и за играч на натпреварот.

„Некако чувствував дека може да постигнам гол. На полувреме им кажав на соиграчите дека може да дадеме гол и да стигнеме и до победа. Успеавме да ја затресеме мрежата на Селтик, имавме шанси потоа и за победа, но секако може да бидеме задоволни со бод од пресметката со најдобриот тим во лигата“ – истакна по мечот Миовски, притоа и дополнувајќи:

„Имавме и напорна недела зад нас откако останавме без менаџерот. Но, потоа низ постојаните разговори со тренерите максимално се подготвивме за овој натпревар. Ремито носи огромен мотив секако и за се што не очекува во продолжение во првенството“.

Се вчитува...