Леброн ја запре победничката низа на Њујорк никс, Филаделфија „тенка“ без Ембид (ВИДЕО)

ЛА Лејкерс славеше против Њујорк никс во „Медисон“ со 105-113 во синоќешниот натпревар од НБА лигата. Лејкерси до триумфот дојдоа со подобра игра во последната четвртина која ја добија со 19-33.

Никси доживеаја пораз по девет едноподруго победи, па сега се на четвртото место на Истокот со 32 победи и 18 порази.

Леброн Џејмс со 24 поени и по пет скока и асистенции е виновникот за крајот на победничката низа на Њујорк, а одличен кај Лејкерс беше и Остин Ривс со 22 поени, шест скока и седум асистенции. Кај Њујорк, Џален Брансон запиша „дабл-дабл“ од 36 поени и 10 асистенции, но недоволно за да се избегне поразот.

Бруклин, пак, успеа да ја надигра „десткуваната“ Филаделфија победувајќи со 136-121. Филаделфија беше без Џоел Ембид и Тобајас Херис, па не успеа да парира на кошаркарите на Бруклин кои беа предводени од Кен Томас со 40 поени. Кај Филаделфија се издвои Тајрис Мекси со 23 поени, три скока и пет асистенции.

Се вчитува...