Анчелоти се мачи: Тешко ми е кога треба да му соопштам на Модриќ дека не е стартер

Стретагот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти вели дека и тоа како се мачи кога треба да му соопшти на Лука Модриќ дека нема да биде стартер во тимот.

Модриќ, и покрај своите 39 години, факт е дека се уште игра на високо ниво. Но, Анчелоти не го гледа во првите 11 на „кралевите“, па секогаш има проблем кога треба да му соопшти на едно име како Хрватот дека треба да остане на клупата.

Реал Мадрид вечерва од 21 часот го очекува голема дерби пресметка со Атлетико Мадрид, а Модриќ повторно ќе биде на клупата.

„Навистина, не е сеедно кога треба да се остави една таква легенда на клупата. Многу ми е тешко кога треба да му соопштам дека нема да биде стартер, тоа ме погодува. А, носам огромна почит за него. Можам само да му се заблагодарам за се што направи за Реал и за се што се уште прави. Личност за почит“ – вели Анчелоти.

Лука Модриќ од 2012 година е дел од Реал Мадрид, клуб за кој одигра 514 мечеви со 38 постигнати голови и 83 асистенции. Зад своето име има 24 трофеи со „кралевите“.

Се вчитува...