Прославениот хрватски кошаркар и тренер, Александар Ацо Петровиќ вели дека случувањата во Атина во 1995 година за време на церемонијата на доделување на медалите биле грешка од страна на хрватската репрезентација.
Тогаш репрезентативците на Хрватска одлучија да слезат од пиедесталот за доделување на медали, пред доделување на златните медали на кошаркарите на тогашна СР Југославија. Според Петровиќ, спортот не треба да подлегнува на притисокот на политиката…
„Ако ме прашувате дали тоа беше грешка – да, но ако гледатe низ призма на 2024 година. Но, ако се вратиме во 1995 година, сите знаеме каква беше ситуацијата. Факт е дека беше воспоставен некаков телефонски мост меѓу салата во Атина и Загреб. Факте дека во еден миг се одлучи да се напушти пиедесталот и тоа се случи. Но, мислам дека тоа е грешка која веќе е направена, затоа што спортот не треба да подлегнува така лесно на притисокот од политиката“ – вели Аца Петровиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

