Ненад Димитријевиќ со Уникс Казањ ја доби македонската дерби пресметка против Емил Рајковиќ и ЦСКА Москва во 26. коло од руската ВТБ лига. Уникс триумфираше на гостувањето во Москва со 73-83.
Во главно израмнет натпревар, пресуди одлично одиграното второ полувреме на Уникс Казањ кога целосно беше скршен отпорот на составот на Емил Рајковиќ.
Првото полувреме со предност на ЦСКА од 42-34, но потоа следеше целосен пресврт за на крај убедлива победа од 73-83.
Димитријевиќ беше еден од предводниците во победата на Уникс Казањ завршувајќи го мечот со 17 поени, девет скока и седум асистенции. Најефикасен во победничкиот состав беше Дмитриј Куљагин со 27 поени. Во тимот на македонскиот стратег Емил Рајковиќ најефикасен беше Џеј-ар Каспер со 16 постигнати поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА