Наполи има срце на шампион – од работ на амбисот до голема победа

Наполи конечно покажа карактер на шампионска екипа откако поранешниот клуб на нашиот Елиф Елмас конечно ги израдува своите навивачи славејќи со 2-1 над Верона. Триумфот е уште позначаен ако се знае дека гостите до десетина минути пред крајот водеа со 0-1, но „наполитанците“ блеснаа кога беше најважно и направија целосен пресврт.

Кварацкелија беше во главна улога во првото полувреме кога грузискиот ас имаше две стопроцентни шанси, но не успеа да го матира гостинскиот голман. Казната стигна во вториот дел, кога Копола во 72. минута го најде патот до мрежата на домаќините, за целосен молк на „Диего Армандо Марадона“.

И без помошта на Осимен, кој се уште е на Купот на Африкански Нации со Нигерија, „наполитанците“ успеаја да направат целосен пресврт, најпрвин зимското засилување Нгонге стрелаше прецизно за 1-1, а стадионот се „запали“ од воодушевување кога Кварацкелија постигна прекрасен гол за голема победа.

Се вчитува...