Гати стрелаше во сопствената мрежа – Интер има водство на полувреме против Јуве

Интер има предност од 1-0 по првото полувреме од дербито со Јувентус, на кој триумф и три бода сериозно би ги доближиле „нероаѕурите“ до шампионското скудето.

Јуве очекувано се реши за дефанзивна тактика, „старата дама“ имаше два опасни контранапади што не ги искористи, а казната стигна на спротивната страна. Водечкиот погодок за Интер всушност е автогол на Гати, откако една топка во петерецот го мина Турам и го удри дефанзивецот на „црно-белите“, потоа завршувајќи во мрежата на Шчесни.

Водечкиот гол за Интер на големото „Дерби на Италија“ можете да го погледнете на ОВОЈ ЛИНК.

Се вчитува...