Реал Мадрид и Атлетико Мадрид одиграа уште една фантастична пресметка што заврши без победник, откако избраниците на Диего Симеоне со гол во 93. минута успеаја да стигнат до бод на „Сантијаго Бернабеу“.
„Кралевите“ дефинитивно имаат за што да жалат, ако се знае дека од 20. минута имаа заслужена предност откако Брахим Дијаз се најде на вистинското место, втрча и го матираше Јан Облак. Атлетико имаше шанса веднаш да израмни, но ударот на Савиќ беше за малку непрецизен. Савиќ ја затресе мрежата на Кепа на самиот почеток од второто полувреме, но тој гол по корнерот на Гризман беше поништен поради офсајд, бидејќи Саул стоел пред голманот на Реал на самата гол-линија.
Атлетико не се откажа до самиот крај, а таквиот пристап вроди со плод во 93. минута кога Љоренте натрча на една топка и од десетина метри со глава ја смести под гредата, за огромна радост на гостинските фудбалери.
Реал Мадрид останува лидер, но само со два бода предност во однос на Џирона, во пресрет на дуелот со овој противник во следното коло од Ла Лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

