Јокиќ го предводеше Денвер до нова победа, еден Адетокумпо недоволен за победа на Милвоки

Денвер влезе во нова победничка низа откако изминатата вечер славеше на домашен терен против Порталнд со 112-103 за вкупно 35. победа во сезоната.

Тимот од Колорадо одново го предводеше одличниот Никола Јокиќ кој и овој пат беше блиску до трипл-дабл учинок. Србинот натпреварот го заврши со 29 поени, 8 скокови и 7 асистенции. На спротивната страна се истакна Ејтон кој забележа 27 поени и 9 скокови.

Одличен натпревар одигра и Јанис Адетокумпо кој броеше до 33 поени на кои додаде и 13 асистенции и 7 скокови, но учинокот на Гркот не беше доволен за Милвоки да избегне пораз на гостувањето кај Јута од 123-108. Во противничкиот табор прво име беше Марканен со 21 поен.

Во останатите натпревари:

Детроит – Орландо 99-111
Вашингтон – Феникс 112-140
Бостон – Мемфис 131-91
Шарлот – Индијана 99-115
Мајами – ЛА Клиперс 95-103
Минесота – Хјустон 111-90
Оклахома – Хјустон 135-127

Се вчитува...