Судијата Хозе Санчез Мартинез кој ја делеше правдата на големото градско дерби помеѓу Реал Мадрид и Атлетико Мадрид по крајот на натпреварот кој заврши без победник (1-1) се најде на жесток удар од страна на навивачите, но и и самиот „кралски клуб“.
На социјалните мрежи „Реал Мадрид ТВ“ објави серија на фотоградии од спорни моменти кога Реал Мадрид требал да добие пенал. Од три ситуации во две се најде Џуд Белингхем, додека еден е над Луис Васкез.
Првата спорна ситуација настана во 54. минута кога очигледно Саул стартуваше над фудбалерот на Реал Мадрид, но не се огласи ни ВАР за прегледување на снимката.
Втората спорна ситуација е само четири минути подоцна кога во шестнаесетникот над Белингхем стартуваше Савиќ. Англичанецот ќе се најдеше во ситуација „еден на еден“ со Облак, но судијата пресуди дека тој не би ја стигнал топката па не беше досуден прекршок кој ќе донесеше обид од белата точка.
Третата спорна ситуација е при изведување на корнер кога Љоренте со сопре Белингхем со „боречки зафат“, како што го опишува телевизијата на Реал Мадрид.
The referee does not give one penalty.
This is incredible, eh… pic.twitter.com/fxhoAvs7je
— Madrid Xtra (@MadridXtra) February 4, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

