Артета ќе смета на Томијашу и во годините кои следат

Јапонскиот репрезентативец Такехиро Томишају и во иднина ќе настапува за Арсенал откако премиерлигашот и фудбалерот ги договорија условите за продолжување на соработката по што останува само официјално истата да биде потврдена, пренесува доброупатениот Фабрицио Романо.

Дваесетипетгодишникот е дел од Арсенал од 2021 година каде пристигна за 18.6 милиони евра од Болоња. Во текот на годините се наметна како еден од познајачните играчи во ростерот, а оваа сезона забележа 13 настапи во Премиерлигата, пет во Лигата на Шампионите и два во Карабао Купот остварувајќи вкупно три асистенции и забележувајќи еден погодок.

Се вчитува...