Предводник на ултрасите на Звезда открива: Малку фалеше да му ги скршиме нозете на Дражен Петровиќ

Предводникот на навивачите на Црвена Звезда во осумдесеттите и деведесеттите години, Зоран Тимиќ – Тима во разговор посветен на „ултрасите“ на овој беглрадски тим за официјалниот Јутјуб канал на славниот српски клуб откри шокантна приказна поврзана за Дражен Петровиќ.

Хрватот во овие години настапуваше за Цибона, големиот ривал на Црвена Звезда во битките за титула кој бил толку доминантен што навивачите се одлучиле за радикален потег – да му ги скршат нозете пред натпреварот против својот тим.

„Петровиќ тогаш беше најдобар играч на Цибона со кој Звезда се намече и сакавме да го неутрализираме. Прво сакавме да го заплашиле и да му се заканиме, а потоа и да го претепаме. Идеите беа многу радикални, па дојдовме до тоа со палки да му ги скршиме нозете пред некој важен натпревар против Звезда. Го следевме неколку дена во Загреб, но беше доста тешко бидејќи тогаш не постоеа мобилни телефони. Дознавме за неговата рутина, каде оди после тренинг, во кое кафуле седи, каде живее…

Проблемот беше во тоа што никогаш не беше сам, секогаш одеше во друштво со девојката или пријателите. Се вративме со Белград и се договоривме дека ќе го направиме тоа пред некој одлучувачки натпревар со Цибона таа сезона. Но, загубивме во полуфиналето па немаше потреба“, открива Тимиќ.

Се вчитува...