Невозможна мисија: Тод Боели го намерачи наследникот на Покетино на „Стемфорд Бриџ“

Новиот дебакл на Челси во Премиерлигата и поразот од 2-4 од Вулверхемптон одново ја започнаа темата промена на тренерското место. Според англиските медиуми ќе биде изненадување доколку Маурисио Покетино се уште биде дел од „сините“ следната сезона, а веќе и се споменува неговиот наследник.

Голема желба на Тод Боели е на „Стемфорд Бриџ“ да го донесе хит тренерот на сезоната – Чаби Алонсо кој прави чуда со Баер Леверкузен кој не само што е лидер на Бундеслигата, туку воедно е и единствениот непоразен тим во врвните европски првенства.

Сепак да желбата на Американецот да се оствари би било потребно чудо со оглед на интересот за Шпанецот од страна на останатите великани. Алонсо се смета за прв наследник на Јирген Клоп на клупата на Ливерпул, тим со кој дели историја со оглед на тоа што и самиот настапуваше за него во текот на играчката кариера.

Се вчитува...