Крај на сезоната за Џоел Ембид?

Кошаркарот на Филаделфија 76 Џоел Ембид ќе мора да оди на операција на менискусот на левото колено, пренесуваат американските медиуми.

Иако се уште не е познато колку време центарот ќе биде надвор од теренот, постои голема можност „76“ да останат без својот најдобар играч до крајот на сезоната.

Она што е речиси сигурно е дека Ембид дефинитивно ќе отпадне од конкуренцијата за одбрана на титулата за најкорисен кошаркар во НБА.

Ембид се повреди на мечот против Голден Стејт вориорс.

Се вчитува...