„Го сакав Ракитиќ, но не можев да му ветам дека ќе игра“

Тренерот на Севилја, Кике Санчез Флорес говореше за заминувањето на Иван Ракитиќ од клубот од Андалузија.

Санчез Флорес седна на клупата тимот во средината на декември, а оттогаш заменик-капитенот Ракитиќ немаше одиграно ниту еден комплетен натпревар. Пред две недели го остави на клупата за резерви за време на првенствениот меч со Жирона (1-5), а потоа го внесе во 51. минута од четвртфиналниот куп меч со Атлетико Мадрид (0-1).

„Имавме искрен разговор, четири дена пред неговата одлука. Ми кажа дека не сметам на него, а јас му реков дека сметам, но не можам да му гарантирам дека ќе игра на секој натпревар“, изјави Санчез Флорес.

Ракитиќ како и голем дел од европските ѕвезди замина во Саудиска Арабија каде потпиша договор со Ал Шабаб.

Се вчитува...