Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски кој игра неверојатно сезонава во дресот на шкотски Абердин доби нов тренер.
Управата на Абердин денеска официјално помалку изненадувачки го назначи Нил Ворнок за нов менаџер на клубот со мандат до крајот на сезоната.
Станува збор за 75-годишен тренер, кој уште преклани и официјално замина во пензија. Неговата менаџерска кариера трае речиси 45 години, во која седеше на клупата на 16 различни британски екипи меѓу кои најпознати се Лидс, Кристал Палас, Шефилд јунајтед и Мидлсборо, а ова ќе биде негова прва авантура во Шкотска.
Ворнок доаѓа на местото на Бери Робсон, чијшто осум месечен мандат заврши минатата среда, откако Абердин одигра нерешено 1-1 дома со Данди, со што клубот падна на осмото место во шкотската Премиерлига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

