Денеска во Барселона почна судењето на бразилскиот фудбалер Дани Алвеш. Алвеш е обвинет за сексуален напад на жена во ноќен клуб во Барселона на 31. декември 2022 година.
Тој негира дека сторил какво било кривично дело. Судењето се очекува да трае до среда. Обвинителите бараат деветгодишна затворска казна за Алвеш доколку биде прогласен за виновен, додека адвокатите на жртвата бараат 12 години зад решетки.
Поранешниот фудбалер на Барселона се наоѓа во истражен затвор од јануари 2023 година. Неговите барања да биде ослободен со кауција беа одбиени бидејќи судот сметаше дека има ризик за бегство.
Дани Алвеш (40) е еден од најтрофејните играчи во историјата, во кариерата освои 42 титули, од кои три Лига на шампиони со Барселона и две Копа Америка со Бразил.
Својот најголем успех го постигна играјќи за Барселона, со која освои 23 трофеи од 2008 до 2016 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

