Реал Мадрид не планира да го откупи договорот на шпанскиот голман Кепа Аризабалага од Челси на крајот на сезоната, пренесуваат шпанските медиуми.
Аризабалага пристигна во Реал во август 2023 година на позајмица до јуни 2024 година со опција да го откупи договорот на крајот од сезоната.
Шпанскиот голман е член на Челси од 2018 година, а во мадридскиот клуб пристигна како засилување, откако се повреди првиот голман на Реал, Тибо Куртоа. Шпанските медиуми пренесуваат дека тренерот на Реал, Карло Анчелоти го испратил Аризабалага на резервната клупа, бидејќи во моментов има поголема доверба во Украинецот Андреј Лунин.
Шпанецот оваа сезона бранеше за Реал на 18 натпревари во сите натпреварувања. Раководството на Реал веќе го извести Аризабалага и неговите менаџери дека не планираат да го откупат договорот на шпанскиот голман на крајот од сезоната. Тој има договор со Челси до 30. јуни 2025 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

