Осомничениот за нападот на Бјелица пуштен на слобода

Ослободен е поранешниот српски фудбалер Никола Петковиќ, осомничен за нападот врз Немања Бјелица.

Поранешниот дефанзивец меѓу другото и на Црвена звезда беше на распит во Првото основно јавно обвинителство, по што му беше дозволено да се брани од слобода.

Како што објави српски „Спортал“, обвинителството ќе ја обжали одлуката на судијата на претходна постапка.

Претходно беше објавено соопштението на обвинителството во кое беше посочено дека до Првиот основен суд е поднесен предлог за определување притвор на осомничениот.

Се вчитува...