ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА – Артета од Арсенал направи „убиец на лидери“

Дербито на 23. коло во Премиерлигата помеѓу Арсенал и Ливерпул заврши со победа од 3-1 на „топчиите“ кои приредија фантастична партија пред своите навивачи и стигнаа до значајни три бода во битката за лидерската позиција во еден од најсилите шампионати на светот.

Откако Микел Артета го превзема Арсенал, лондонскиот тим е еден од најпријатените во Премиерлигата. Шпанскиот старатег во кус период успеа да го препороди „заспаниот гигант“ па од тим за потсмев стана тим кој од кој треба да стравуваат великаните.

Триумфот над Ливерпул е втор против лидер на првенството во четири одиграни натпревари под водство на Артета. Како за споредба, претходно, на 17 одиграни натпревари Арсенал имаше вкупно две победи од ваков калибар со четири нерешени средби и 11 порази.

Се вчитува...