Деко: Не ни е желба само Клоп, имаме и други опции за тренер на Барселона

Спортскиот директор на Барселона, поранешниот славен фудбалер Деко за шпанските медиуми говореше на повеќе прашања, а едно од нив беше посветено на наследникот на Чави на „жешкото столче“ на „Камп Ноу“.

Шпанецот најави заминување по крајот на сезоната во ист момент кога заминување од Ливерпул најави и Јирген Клоп па германскиот стратег стана една од посакуваните личности за превземање на каталонскиот состав. Но, и покрај тоа што Клоп е голема желба на Барселона, Деко не сакаше да открие повеќе детали на оваа тема, туку изјави дека не е само тој на „радарот“.

„Клоп е врвен тренер, еден од најдобрите на светот и тоа го докажа во Ливерпул, но сега не е време да разговараме на таа тема. Не е само Клоп, имаме повеќе тренери за кои сме заинтересирани. Но, за тоа прашање ќе дискутираме подоцна“, изјави Деко.

Се вчитува...