Деко: Сакам во Барселона да носам играчи како Роналдињо и Ето, но нив повеќе ги нема

Спортскиот директор на Барселона, Деко во интервју за шпанските медиуми говореше на повеќе теми, а една од нив беа и трансферите на каталонскиот тим кој изминативе години се соочува со големи финансиски проблеми.

Деко напомена дека не сака да клучните играчи да заминат од тимот, а сака во иднина да останат и Португалците Кансело и Феликс. Кога станува збор за нови засилувања сака врвни фудбалери кои веднаш ќе направат разлика како Ето и Роналдињо, ни нив повеќе ги нема.

„Не сакаме да продаваме играчи како Араухо и Де Јонг. Планот ни е да ги задржиме клучните играчи и да доведеме неколку засилувања. Што се однесува до Кансело и Феликс кои се кај нас на позајмица од Манчестер Сити и Атлетико Мадрид ќе се обидеме да ги задржиме. Не заборавајте дека успеавме да го доведеме Рафиња и покрај тоа што го сакаа Челси и Арсенал. Јас би сакал да го купам и Роналдињо, Ето и Деко, но нив повеќе ги нема, и такви играчи нема на маркетот“, изјави Деко.

Се вчитува...