Новак Ѓоковиќ е спортскиот херој на Ерлинг Халанд

Норвешкиот голгетер од редовите на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд на подкастот на својот тим насловен „На разговор со…“ говореше на повеќе теми, а даваше одговор и на прашањата на навивачите.

Едно од нив беше „Кој е твојот спортски херој“, прашање на кое младиот голгетер даде одговор дека тоа е српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.

„Ми се допаѓа Ѓоковиќ. Мислам дека е добар, дека остана доследен на себе. А и тоа што го постигна е неверојатно, а дојде од нигде никаде. Од својата држава. Да, би кажал дека ми се допаѓа Ѓоковиќ“, изјави Халанд.

Се вчитува...