Лут фан го советуваше Мудрик – Украинецот го предизвика на „еден на еден“ во 10 илјади фунти

Фудбалерот на Челси, Михајло Мудрик се најде во центарот на вниманието по новиот дебакл на „сините“ во Премиерлигата откако на социјалните мрежи протекоа фотографии од негов разговор со лут фан кој му упатува критки и му дава совети за да се подобри во иднина.

„Што се случува со тебе? Да не заборави да играш фудбал? Не е ова доволно. Мора нешто да се промени. Можеби ти требаат некои индивидуални тренинзи. Кога и да играш сме како со играч помалку“, пишува фанот.

Украинецот не остана рамнодушен, напротив го повика фанот на „еден на еден“ во 10 илјади фунти, но одговорот на навивачот на Челси не само што ги насмеа фановите на другите клубови, туку и фановите на Челси кои се шегуваат во коментарите.

„Брате во овој момент лично ќе ти дадам пари секој пат кога ќе постигнеш гол“, стои во дел од продолжението од разговорот.

Се вчитува...