Далас ја освои Филаделфија, победи и на Лејкерс, Клиперс, Вориорс (ВИДЕО)

Изминатата ноќ во НБА лигата се одиграа шест натпревари. Далас маверикс стигна до победа на гостувањето кај Филаделфија 76 од 102-118.

Лука Дончиќ натпреварот го заврши со 19 поени, осум скока и три асистенции, а одличен по своето враќање од повреда беше Кајри Ирвинг кој уфрли 23 поени. Кај поразените Кели Убре постигна 19 поени.

Лос Анџелес лејкерс стигна и до третата победа во низа откако синоќа славеа на гостувањето кај Шарлот хорнетс со 118-124. Ентони Дејвис беше прво име кај победникот кој мечот го заврши со  трипл-дабл 26 поени, 15 скока и 11 асистенции. Кај поразените недоволeн беше 41 поен на Мајлс Бриџис.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Кливленд – Сакраменто 136-110, Бруклин – Голден Стејт 98-109, Атланта – ЛА Клиперс 144-149 и Њу Орлеанс – Торонто 138-100.

Се вчитува...