Вчера пред судот во Барселона почна судењето на Дани Алвеш кој е обвинет за силување на млада девојка, за што бразилскиот фудбалер веќе една година е зад решетки.
Жртвата, чиј идентитет не и е познат на јавноста, дојде да сведочи поради што бројни новинари, и покрај тоа што судењето е отворено за јавноста, мораа да ја напуштат судницата. Нејзиното сведочење траело приближно еден час и 15 минути.
По жртвата, на говорницата за сведок седна нејзината пријателка.
„Тројцата танцувавме во „нормалниот“ дел од ноќниот клуб, а пред нас беше ВИП просторот. Двајца-тројца Мексиканци слегоа и не прашаа дали сакаме да одиме со нив во ВИП зоната. Се договоривме и ги следевме. Останавме кратко време. Тој човек стоеше таму. Имаше лигав став, ми ја стави раката на грб и речиси ме допре до задникот. Потоа отидов на другата страна на масата, практично сама, а другарката ми рече дека ја допрел за меѓуножјето“, почна да раскажува нејзината пријателка.
Во солзи девојката продолжи да опишува што се случило кобната вечер …
„Ми се јави роднина на жртвата и рече дека мораме да одиме. Ја познавам (жртвата) од нејзината тригодишна возраст и никогаш не сум ја видел да плаче така. Плачевме сите три, не знаев како да реагирам во тој момент. И кажавме дека мора да пријави, а таа рече дека нема да и веруваат. Сакаше да си оди дома“, заврши пријателката.
Сведокот го увери судот дека нејзината пријателка во ниту еден момент не прифатила било каков однос со Алвеш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

