Сопственикот на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос ги критикува судиите, но сега ги критикуваше затоа што судеа во корист на неговиот тим.
Зелените загубија од Арис со 70-73, по 16 победи во домашното првенство, а контроверзниот Јанакопулос изјави дека доколку победеле ќе барал да се преигра мечот.
„Да победевме на крајот, ќе побарав да се преигра натпреварот. Мислам дека Манчестер Јунајтед тоа го направи еднаш, кога победи од непостоечки пенал. Не е можно Арис да дојде овде и да игра одлична кошарка, додека ние сме „мртви“, уморни, рамнодушни – не знам точно што – и дека „мора“ да победиме затоа што судиите судеа во наша корист. Бевме полоши и моравме да загубиме“, изјави Јанакопулос.
Јанакопулос спомна и ситуации од претходната сезона кога според него се судело во корист на Олимпијакос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА