Ред Бул отвори истрага против Кристијан Хорнер

Формула 1 тимот на Ред Бул започна истрага против директоротКристијан Хорнер, соопшти портпаролот на австрискиот тим.

Од клубот само изјавија дека истрагата е покрената поради „недолично однесување“. Медиумите објавија дека Хорнер ги негирал овие обвинувања. Други детали од истрагата не беа прецизирани.

„Тимот започна независна истрага. Оваа постапка, која е во тек, ја води надворешен адвокат. Тимот сериозно ги сфаќа овие работи и истрагата ќе биде завршена што е можно поскоро“, рече портпаролот на тимот.

Хорнер е директор на Ред Бул од 2005 година, а под негово водство тимот освои шест шампионски титули во конкуренција на конструктори.

Се вчитува...