„За првпат во Мелбурн си кажавме меѓу нас дека Новак старее“

Поранешниот француски тенисер Арно Клеман се осврна на неодамнешниот Австралија Опен во интервју за „Л’екип“.

Италијанецот Јаник Синер ја освои својата прва гранд-слем титула во Мелбурн, откако претходно во полуфиналето го елиминираше актуелниот шампион Новак Ѓоковиќ.

Ова го наведе поранешниот финалист на Австралија опен да најави нова ера во светот на тенисот.

„Ставот што го имаме за Ѓоковиќ е малку доведен во прашање. За прв пат во Мелбурн рековме дека изгледа постар од неговата возраст. Секогаш се прашувавме кој може да го победи Ѓоковиќ на бетон и трева. Сега се појави играч кој го победи три пати на бетон“, изјави Клеман.

Се вчитува...