Бензема и Ал Итихад се смирија

Сагата околу Карим Бензема и Ал-Итихад се чини дека е завршена. Францускиот напаѓач се врати во тимот и беше дел од тренингот.

Поранешниот француски репрезентативец веќе неколку седмици не е со соиграчите откако беше суспендиран кон средината на јануари поради доцнење на почетокот на претсезонските тренинзи.

Освојувачот на „Златната топка“ за 2022 година се правдаше дека поради невреме не можел навреме да се врати од одморот во Маурициус.

Се вчитува...