Цената продолжува да расте: Миовски повторно во тимот на колото во Шкотска

Бојан Миовски продолжува да доминира на фудбалските терени во Шкотска, откако македонскиот голгетер постигна фантастичен погодок за Абердин и на дуелот со шампионот Селтик.

Голманот на актуелниот првак на Шкотска беше немоќен по одличната соло-акција на Македонецот, чија цена од натпревар во натпревар се повеќе расте и веќе е јасно дека тој во текот на летото ќе направи трансфер во клуб со посериозни амбиции од Абердин.

Во меѓувреме, Миовски заслужено беше избран и за член на „тим на колото“ во шкотската Премиер-лига, во изборот на ББЦ Спорт, како уште едно признание за извонредната форма во која се наоѓа нашиот репрезентативец.

Се вчитува...