Халанд: Ѓоковиќ е мојот херој

Ерлинг Халанд конечно ги надмина проблемите со повредата и се врати назад во тимот на Манчестер Сити и сигурно ќе биде еден од главните адути на Пеп Гвардиола во атакот на трофеите во клучиот дел од сезоната.

Норвешкиот ас во меѓувреме се појави на еден подкаст во кој говореше за најразлични теми, а беше прашан и да избере спортист надвор од фудбалот што би го нарекол свој херој. По кратко размислување, Халанд го избра – Новак Ѓоковиќ.

„Навистина ми се допаѓа Ѓоковиќ, би можел да го наречам свој херој. Тој е одличен во својот спорт, истовремено и остана свој, доследен на сопствените убедувања. Неверојатно е што успеа да достигне во кариерата, дојде од мала држва и оствари извонредни успеси. Го бирам Ѓоковиќ“, одговори Халанд.

Се вчитува...