Кратко траеше авантурата на Боро Даскаловски на клупата на Кожув откако овој стручњак си заминал од прволигашот од Гевгелија само два месеци откако пристигна во овој клуб на местото на Алек Јончевски.
Даскаловски дебитираше со триумф на клупата на Кожув, но потоа следеше серија слаби резултати со која оваа екипа падна на претпоследното место на табелата, поради што беше донесена одлука тој да си замине, а Гевгелија повторно да добие „локален тренер“ до крајот на сезонава.
Изборот падна врз поранешниот капитен ан Кожув, Апостоли Апостолов, кој ја прифатил понудата да седне на клупата и да помогне Кожув да се избори за опстанок во елитното друштво. Апостолов и минатата сезона дојде среде сезона на клупата, менувајќи го тогаш Игор Михајловски на тренерската клупа, за нешто подоцна тој да си замине и да го отстапи местото на селекторот Јончевски.
Кожув утре му гостува на ТФТ во 16. коло од Првата лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА