Маленко демантира: Се праќаат пораки од лажен емаил, за да се внесе забуна меѓу делегатите…

Александар Маленко ја демантира денешната информација дека тој ќе биде кандидат за претседател на денешното Вонредно Собрание на МОК.

Поранешниот македонски олимпиец тврди дека пораките испратени до медиумите се дел од сценарио од актуелното раководство, се со цел да се збунат делегатите кои денеска треба да гласаат на Вонредното Собрание. За таа цел, отворена е лажна мејл-адреса од која биле испратени пораките до делегатите и до медиумите.

„Почитувани, како и се очекуваше на самиот ден на одржување на вонредно изборно собрание на МОК, со познати методи на криминални лица и политички групации со лаги интриги, немајќи никаква друга реална причина, во моментов е отворен емаил со лажна содржина што има зацел да внесе забуна меѓу делегати на собрание на МОК, само и само да некои останат на позиции и раководење, за да нема воведување на професионален систем на работа, спортски вредности и почитување на закон.

Нека ви служи на чест, но ова дефинитивно нема да остане неказнето од државни институции согласно закон. 

ПС: Не е до кандидатура, не е до вистински спортски вредности, до ваш болен криминален ум е целата лажна приказна што ја сокривате преку олимпискиот спорт“, одговори Маленко како реакција на информацијата дека тој ќе биде кандидат за претседател на МОК.

Се вчитува...