Кошмар за Тухел: Нојер се повреди пред супер-дербито во Леверкузен

Томас Тухел не може да крене глава од повреди во Баерн Минхен, но трофејниот стратег денеска се соочи со нов огромен проблем, откако Мануел Нојер не присуствуваше на тренингот на баварскиот гигант.

Наместо во тренинг-центарот, искусниот голман замина на лекарски прегледи жалејќи се на болка во пределот во коленото. Првичните информации од Минхен велат дека проблемот не е сериозен, но од лекарскиот тим не наведуваат кога Нојер ќе може да се врати на тренинзите со остатокот од екипата. Проблемот е уште поголем ако се знае дека Баерн викендов го очекува можеби и клучниот меч за титулата, гостувањето против Баер Леверкузен на кој помошта од првиот голман дефинитивно би била добредојдена.

Само за потсетување. баварците сигурно ќе бидат ослабени со неиграњето на Коман, Лајмер и Гнабри, а крајно неизвесен е и настапот на Упамекано. Доколку Јужна Кореја успее да слави денеска против Јордан и се пласира во финалето од Купот на Азија, во одбраната на баварскиот гигант викендов ќе недостига и Ким.

Се вчитува...