Понуда што не се одбива: Ал Хилал дава 200 милиони евра за Мохамед Салах

Ливерпул минатото лето одби пребогата понуда од Саудиска Арабија за Мохамед Салах, но пребогатите газди само станаа уште поупорни во желбата да го доведат најдобриот африкански фудбалер во својата земја.

Како што јавува британски „Атлетик“, Ал Хилал е клубот што најсериозно загриза за Салах, подготвувајќи понуда што нема да може да биде одбиена. Според овие информации, до „Енфилд“ ќе пристигне понуда од 200 милиони евра за да се добие зелено светло за заминување на Салах, што би претставувал и втор највисок трансфер на сите времиња (помал само од оној на Нејмар од Барселона во ПСЖ).

„Црвените“ ќе се најдат во незгодна ситуација бидејќи Салах ќе има само 12 месеци од актуелниот договор, па ќе ризикуваат да загубат богатство и тој следното лето без никаква отштета да си замине од клубот. Токму поради ова, британските медиуми најавуваат дека Салах летово ќе го напушти Ливерпул, а целокупниот буџет од неговиот трансфер ќе му биде даден на новиот тренер, за да доведе неколку врвни засилувања и гигантот од „Енфилд“ да продолжи да атакува на трофеи и по заминувањето на Јирген Клоп.

Се вчитува...