Гевгелиски Кожуф за продолжението од сезоната во Втората македонска фудбалска лига се засили со фудбалер кој доаѓа од школата на италијанскиот гигант Удинезе.
Младиот Метин Иљази ќе го засили нападот на гевгеличани, откако денеска и официјално стави потпис на договор со Кожуф.
Иљази три години бил дел од младинските категории на Удинезе, а потоа настапувал и за Триестина и Зауле Рабуиезе во Италија. Иљази веќе се приклучи на Кожуф одигрувајќи и три пријателски натпревари притоа запишувајќи и два погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА