Кошаркарите на Макаби Тел Авив и Монако, Вејд Болдвин и Мајк Џејмс добија казна од Евролигата поради непочитување на судиите и прекршување на артиклите 27.2, односно 24.2 од правилникот за однесување. Полошо помина бекот на израелски тим кој на средбата против Басконија фрли со топката кон судијата.
За овој потег ќе плати казна од 3,500 евра, додека неговиот сонардоник од Монако поради повторно критикување на социјалните мрежи од својот џеб ќе треба да издвои 2,500 евра.
WADE BALDWIN WAS FURIOUS WITH THE REFEREES AFTER THE FINAL WHISTLE 😳 pic.twitter.com/Ay42A9h6MU
— BasketNews (@BasketNews_com) February 1, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА