Покетино се пофали: Имам поддршка од управата на Челси

Денеска неколку англиски медиуми шпекулираа дека Маурисио Покетино е пред отказ од Челси, и дека наскоро би можел да биде прекината неговата соработка на „Стемфорд Бриџ“.

Покетино има лоши резултати, и покрај тоа што тимот потроши речиси 1 милијарда за нови играчи. Меѓутоа екипата никако не успеа да ја најде својата форма.

Веќе се споменуваа негови наследници како Чаби Алонсо и Жозе Мурињо, но Покетино порача дека нема намера да си оди од Челси

„Добив порака од управата, во контакт сум со нив секој ден. Навивачите мора да веруваат во нас, да обезбедиме смиреност на теренот и слобода да играат“, изјави тренерот на Челси.

Се вчитува...