Медиумите во Англија откриваат: Клоп го напушта Ливерпул поради нов клуб!?

После девет години, Јирген Клоп по крајот на сезоната ќе го напушти Ливерпул. Тој кажа дека причината е поради тоа што „снемува енергија“, и со тоа придонесе за шок кај навивачите на „црвените“.

Но нивниот гнев може да биде уште поголем ако им се верува на дел од англиските медиуми, кои пишуваат дека Клоп се решил да го напушти Ливерпул пред се поради тоа што играчите немаат верба во него како што имале до сега.

Наводно германскиот тренер чувствува дека екипата го достигнала максимумот побрзо од што се очекува. И покрај тоа што минатата сезона имаше проблеми, во оваа Ливерпул е во битката за титулата.

Во меѓувреме „Метро“ откри нови детали за иднината на Клоп. Наводно после завршувањето на сезоната, Клоп го чека клупата на Барселона.

И сегашниот тренер на Барселона, Чави, истакна дека ќе го напушти тимот по крајот на сезоната, па со тоа отворен е патот Клоп да го презеде кормилото на „Каталонците“.

Се вчитува...