Хојлунд: Кристијано Роналдо од секогаш бил мојот идол

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Расмус Хојлунд откри дека од дете негов идол му бил португалската ѕвезда Кристијано Роналдо.

Исто така од секогаш сонувал да го носи дресот на Манчестер Јунајтед, што на крајот му се исполнила.

„Роналдо ми беше најголем идол. Ги сакав и Руни и Тевез, но дефинитивно Кристијано е најголемиот. Се сеќавам дека навивав за него и кога беше во Манчестер Јунајтед, и подоцна во Реал Мадрид и Јувентус. Тој од секогаш бил мојот идол. Кога играше за Манчестер Јунајтед, сонував и јас да играм за тој клуб“, рече Хојлунд.

Се вчитува...