Одличната серија на Баер Леверкузен и натаму трае, откако вечерва „фармацевтите“ уште еднаш славеа победа, овојпат во Купот на Германија, откако го совладаа Штутгарт со 3-2, и покрај тоа што губеа два пати.
Антон во 11. минута му донесе предност на Штутгарт. Баер Леверкузен одигра очајно прво полувреме, иако постигна гол во финишот кој беше поништен поради офсајд.
Андрих со убав гол во 50. минута донесе израмнување. Меѓутоа Фихрих во 58. минута донесе нова предност за Штутгарт. Адли во 66. минута успеа повторно да донесе „егал“ за Леверкузен.
И кога се чинеше дека мечот ќе влезе во продолженија, Јонатан Та во 90. минута донесе предност и победа за Баер Леверкузен кој и натаму „сонува“ за двојна круна во Германија, со оглед дека овој тим е првопласиран и во Бундеслигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

