Со цел да има поголема минутажа, Лука Станковски до крајот на сезоната ќе игра во турскиот второлигаш Тузласпор. Тој ќе биде позајмен од Газиантеп до крајот на сезоната.
Станковски втор пат заминува на позајмица, откако минатата сезона играше во словенечка Горица, поради тоа што неговиот тим се откажа од натпреварувањето во Турција поради катастрофалниот земјотрес во таа област.
Станковски во 2022 година од Работнички замина во Газиантеп. Претходно имаше договор со италијанскиот тим Монца, но во последен момент пропадна можноста да оди во Италија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

